На здравје кафе!

1457579_10201353564334191_680312775_n

Историја на кафе

Првите записи датираат од Етиопија. Од тука историјата не носи во Арапските земји , на територијата на сегашен Јемен . Во Европа е пристигнато преку венецијанските занаетчии , под силни притисоци и критики од страна на католиците кој го сметале за ѓаволски пијалок , но веднаш одбиени од страна на Папата на кој во голема мера му се допаднало и ја поддржал неговата употреба . Гостилници со кафе се повеќе се отвараат низ Европа и стануваат места за средба на интелектуалците . Постепено кафето станува и официјален пијалок во Америка . Историјата на еспресото датира од 1822 година , Франција , но свој најинтензивен развој забележува во Италија, каде што станува дел од начинот на живеење и културата на жителите на полуостровот преку отварање на над 200.000 барови. Со продажба од над 400 миљарди шољи кафе годишно , кафето и официјално станува најпродаван пијалок во светот . Уживањето во мирисот и вкусот на кафето е заеднички гест на многумина низ светот , но малкумина ја знаат неговата историја , легенда и општествена важност. Една од нив раскажува за монахот од манастирот Chehodet од Јемен , кој слушнал од некој овчар дека неговите кози и камили останувале “живи ” во текот на ноќта додколку им дал да јадат од одреден вид на бобинки , истите тие бобинки монахот ги користел за спремање на пијалок со намера да остане буден и да се моли подолго . Во системот на класификација на ботаничкото царство, шведскиот ботаничар Карл Лине , кафето го класифицирал во групата Rubiacee која се состои од 4.500 сорти , вклучувајќи ги и 60-те видови на родот Coffe. Од 60-те видови на кафе растенија , само 25 од нив се најкомерцијализирани , од кои само првите 2 имаат важна улога во трговијата со кафе и тоа: Coffee Arabica , Coffee Robusta.