На здравје кафе!

ИСТОРИЈА

  • 1991 отпочнување на работа – трговија на големо со прехрамбени производи и стоки за широка потрошувачка
  • 1992 се отвара пржилница за кафе со капацитет од 60 кг на 1 час.
  • 1996 купуваме објект со површина од 200 квадратни метри каде што се префрла целокупното производство и почнуваме со директен увоз на кафе од Бразил и Индија
  • 1999 за прв пат во Македонија во партнерски односи стартуваме со пакување на мелено кафе во лименка под брендот Clasik caffe
  • 2002 инвестираме во нова опрема за пакување и мелење на различна грамажа на кафе и од тогаш почнуваме со работа на новиот наш бренд Elitte caffe
  • 2003-2007 воведување на уште два бренда Vip, Rival caffe и сладоледи во прав од 100гр со 4 вкуса Ванила, Чоколадо, Лешник иЈагода
  • 2008 градиме нов објект со површина од 1.800 квадратни метри и во истиот внесуваме нова опрема за производство со капацитет од 250 тони месечно.
  • 2010 во новиот објект воведуваме и HCCP стандард.

ВИЗИЈА

Континуираниот раст на компанијата е наша обрска. Oд формирањето па до сега компанијата расте со зголемување на прометот на годишно ниво од 15-25% секоја година. Фокусот мора да биде насочен кон одржување стапка на раст на компанијата преку воведување на нови производи претежни прашкасти и зрнести, како и проширување на други пазари. Како и доусвршување на сопствената дистрибуција во нашата земја.

МИСИЈА

Нашата мисија е сложена: да ви понудиме совршен производ кој ќе стане дел од вашето секојдневие, производ кој нема да ве остави рамнодушен. Баравме предизвик и добивме, тоа се нашите потрошувачи т.е. вистинските кафе уживатели. Вије ни ја дадовте вашата доверба ние ви нудиме кафе за сите ваши вкусови. Поставивме висока цел која бара постојана работа. Ние сме подготвени.

 

Историја на кафе

Првите записи датираат од Етиопија. Од тука историјата не носи во Арапските земји , на територијата на сегашен Јемен . Во Европа е пристигнато преку венецијанските занаетчии , под силни притисоци и критики од страна на католиците кој го сметале за ѓаволски пијалок , но веднаш одбиени од страна на Папата на кој во голема мера му се допаднало и ја поддржал неговата употреба . Гостилници со кафе се повеќе се отвараат низ Европа и стануваат места за средба на интелектуалците . Постепено кафето станува и официјален пијалок во Америка . Историјата на еспресото датира од 1822 година , Франција , но свој најинтензивен развој забележува во Италија, каде што станува дел од начинот на живеење и културата на жителите на полуостровот преку отварање на над 200.000 барови. Со продажба од над 400 миљарди шољи кафе годишно , кафето и официјално станува најпродаван пијалок во светот . Уживањето во мирисот и вкусот на кафето е заеднички гест на многумина низ светот , но малкумина ја знаат неговата историја , легенда и општествена важност. Една од нив раскажува за монахот од манастирот Chehodet од Јемен , кој слушнал од некој овчар дека неговите кози и камили останувале “живи ” во текот на ноќта додколку им дал да јадат од одреден вид на бобинки , истите тие бобинки монахот ги користел за спремање на пијалок со намера да остане буден и да се моли подолго . Во системот на класификација на ботаничкото царство, шведскиот ботаничар Карл Лине , кафето го класифицирал во групата Rubiacee која се состои од 4.500 сорти , вклучувајќи ги и 60-те видови на родот Coffe. Од 60-те видови на кафе растенија , само 25 од нив се најкомерцијализирани , од кои само првите 2 имаат важна улога во трговијата со кафе и тоа: Coffee Arabica , Coffee Robusta.